УХМР најавува нов снег

05.12.2021
Vesnik.com
1638702661
1638702661
УХМР најавува нов снег

Метеоролозите за утре најавуваат претежно облачно време со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег понекаде и на повисоките места.

Утринските температури ќе се движат од две до осум степени, а дневните од 3 до 14 степени.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд, ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда времето наутро ќе студено до -6 степени, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Нови снежни врнежи метеоролозите најавуваат за четврток.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата