ВЕЕ КАКО ВО ЈАНУАРИ: Падна снег и во Србија (ВИДЕО)

14.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЕЕ КАКО ВО ЈАНУАРИ: Падна снег и во Србија (ВИДЕО)

Жителите на Србија денес се смрзнуваат како да е есенски ден, пропратен со дожд. Граѓаните повторно облекуваат чизми и зимски јакни, а температурите не го преминуваат 10. степен, пренесуваат белградските медиуми.

Но дождот во Сјеница премина во снег, кој според граѓаните, вее како да е месец јануари. Фотографиите се идилични, иако не се вклопуваат со овој период на годината.

Како што најавуваат метеоролозите потопло време се очекува дури во сабота.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата