“Громовник” објави нова бомба: Нарачува ли македонски пратеник кокаин по телефон?

14.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Громовник” објави нова бомба: Нарачува ли македонски пратеник кокаин по телефон?

Во новата бомба објавена на руската социјална мрежа ВК.ком се слуша глас на маж кој по телефон нарачува половина грам од некаква материја, бара да му се донесе дома и вели дека е подготвен веднаш да даде 2,5 илјади денари.

Видеото го објавува профилот Илија Громовник кој предходно објави други 5 видеа во кои актери беа повеќе македонски политичари и бизнисмени.

Во насловот на видеото и аудиото кое е реобјавено и на Јутјуб се тврди дека се работи за еден пратеник од владеачката коалиција во македонскиот парламент кој нарачува кокаин.

Поради опасноста да биде нарушена неговата приватност но и поради непотврдените информации за идентотетот на лицето чиј глас се слуша и за што точно тој зборува, не го објавуваме неговото име.

Пред неколку дена МВР уапси тројца дилери на дрога кои продавале кокаин и на пратеници а цената се движела од 2,5 до 6000 илјади денари во зависност од количината.

Извор: експрес.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата