Првиот човек на „Модерна“: Во март може да имаме бустер доза против омикрон

2.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првиот човек на „Модерна“: Во март може да имаме бустер доза против омикрон

Стивен Хоџ рече дека засилената доза која содржи гени кои конкретно ги таргетираат мутациите на новиот сој ќе биде најбрзиот начин да се реши проблемот со намалената ефикасност на вакцините.

„Веќе ја започнавме таа програма“, изјавил Хоџ за Ројтерс.

Компанијата исто така работи на мултивалентна вакцина која би била ефикасна против четири различни варијанти на коронавирусот, вклучително и омикрон.

„Може да потрае уште неколку месеци“, рече Хоџ.

Следејќи ги упатствата на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), Хоџ рече дека процесот може да потрае три или четири месеци.

„Засилените дози против омикрон, реално, не можат да се појават на пазарот пред март, а може дури и да дојдат во вториот квартал; освен ако ФДА не ги промени своите упатства за податоците потребни за овластување“, рече претседателот на Modernа, додавајќи дека компанијата ќе започне со производство на вакцините додека тестирањето е во тек, за да може што поскоро да им ја понуди вакцината на граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата