Маестро Лазаров му донесе бод како планина на Нант

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маестро Лазаров му донесе бод како планина на Нант

ГОГ и Нант одиграа вистински дерби натпревар во рамките на 5. коло во Европската лига. Во меч со бројни пресврти на крајот оваа средба заврши без победник, благодарение на Кирил Лазаров, кој постигна гол за конечни 29-29.

И двата тима имаа шанси за триумф на оваа средба, но се чини на крајот поделбата на бодовите е најреалното сценарио.

Најдобриот македонски ракометар по којзнае кој пат сезонава покажа дека и на 41 година е вистински страв и трепет за противниците. Влезе во второто полувреме и беше главната причина за кам-бекот на Нант на гостувањето кај ГОГ.

По негативата од два гола на полувремето (16-14), Нант направи серија од 1-6 за водство од 17-20, три гола постигна токму Лазаров. Францускиот тим дојде на плус четири 19-23 и 20-24, но домашниот состав успеа да намали на 23-23 на средината на второто полувреме.

Но, противникот успеа да се врати во финишот, израмни на 25-25 за вистинска драма. На три минути до крајот ГОГ го врати водството (28-27). Пашамбелк израмни на 28-28, а маестралниот Робин имаше одлична интеревенција, но Нант пропушти шанса да поведе на 60 секунди до крајот. Питлик испрати бомба за 29-28, Лазаров врати на ист начин за бод од ова тешко гостување.

На крајот најдобриот македонски ракометар средбата ја заврши со пет гола од осум обиди.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата