Заев преку владата се заканува: Таравари лаже, не сум нудел пари на пратеници

30.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев преку владата се заканува: Таравари лаже, не сум нудел пари на пратеници

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, соопшти Владата.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во владиното соопштение.

Таравари вечерва во гостување на ТВ Сител ја обвини власта дека ѝ нудела пари на пратеничка од нивните редови за да премине во актуелното парламентарно мнозинство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата