Филип ја изневерувал Пријовиќ: Плачела, се гушела, го викала, тој не и одговарал: Сакал да ја остави поради љубовница

14.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филип ја изневерувал Пријовиќ: Плачела, се гушела, го викала, тој не и одговарал: Сакал да ја остави поради љубовница

Пеачката поради синот Александар поминала преку неверството, но на Филип тоа никогаш нема да му го прости.

Филип Живојиновиќ је изневерувал Александра Пријовиќ со една згодна манекенка додека била пред породување. Прија го крие неверството од фолк ѕвездата Лепа Брена и својот свекор Слободан Живојиновиќ, како и од својата мајка поради големата брука.

- Александра се труди да му прости на Филип, но не и оди баш лесно. Таа риба со која ја изневерувал била баш убава и згодна, а се запознале во нивниот ресторан “Три точки“ и тогаш почнала нивната куса романса. Од тој ден поминувале многу време заедно, а Прија била бесна што сопругот шета додека таа сама седи дома – раскажува извор, објаснувајќи дека Филип тогаш се однесувал неодговорно спрема својата сопруга.

- Тој толку многу се занел по манекенката што една недела не доѓал во станот на Александра иако таа била пред пододување. Таа е светски топ модел и на Филип му одговарало друштвото со неа, а нејзе неговите подароци кои секојдневно ги добивала. Александра тогаш поминувала низ пекол, со ноќи плачела и го повикувала, но тој не и одговарал – открива изворот и вели дека Александра поради брука, која брзо би пукнала, не сакала со никого да зборува за неверството на Филип, лажејќи кога би ја запрашале каде и е сопругот.

- Пријовиќ на никого не сакала да се пожали, ниту од себе да прави жртва. Ни Брена, ни Бобо, па дури ни мајкаму Борка не знаеле за ова неверство на Филип. Не сакала да ги секира и да го разори семејството пред породување. Кога дознала дека со таа девојка е секојдневно на Дорчол, пеачкта решила да го опамети и му се заканила со зборовите: “Никогаш нема да го видиш синот, ако не се вразумиш. Знам каде си и со кого ги помишуваш ноќите“, дури потоа Филип малку се отргнал и ја прекинал аферата со манекенката – вели извор за Скандал и додава:

- Секако таа девојка не го пуштила туку така Живојиновиќ, му правела доста проблеми но на крај се повлекла. Се уште тој плаќа поради таа грешка, Прија поминала преку сето тоа, но не му простила. Тој се труди се да и надомести, и помаг и угодува, но таа му ставила до знаење дека сеуште е лута. Сепак семејствот им е на прво место, а синот уште повеќе ги зближил и обединил.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата