Мало сутра?!

ЗАЕВ ЗА ПРЕМИЕРСКАТА ОСТАВКА: Прво мнозинство и добар исход од преговорите со Бугарија

28.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ ЗА ПРЕМИЕРСКАТА ОСТАВКА: Прво мнозинство и добар исход од преговорите со Бугарија

Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија, изјави за Телма денеска премиерот Зоран Заев на прашањето за поднесувањето на оставката од премиерската позиција откако завчера му беше прифатена оставката како лидер на СДСМ.

„Една од најзначајните причини поради кои алтернатива  би влегла во Влада е да обебзеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговори со ЕУ, вели Заев.

Претходно во денот министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека преговорите за парламентарното мнозинство ги води лично премиерот Зоран Заев и дека тој ќе извести до каде е процесот.

За утре во 14 часот во Клубот на пратеници е закажана нова средба на Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата