Постот носи големи придобивки за организмот – ЕВЕ НА ШТО ДА ОБРНИТЕ ВНИМАНИЕ

28.11.2021
Vesnik.com
1638115353
1638115353
Постот носи големи придобивки за организмот – ЕВЕ НА ШТО ДА ОБРНИТЕ ВНИМАНИЕ

Православните верници денеска ќе го започнат Божиќниот пост кој ќе трае точно 40 дена и кој ќе ги подготви за најголемиот христијански празник, раѓањето на Исус Христос, односно Божик.

Постот е дел од религиозниот ритуал во многу делови од светот, вклучително и нашата земја, а подразбира откажување од одредена храна, особено од животинско потекло.

За тоа време верниците треба да се придржуваат до посебен режим на исхрана, односно да ја поддржат својата духовна сила со физичко воздржување од мрсна храна.

Покрај религиозното значење, постот има и позитивни ефекти врз човековиот организам, бидејќи со одрекувањето од одредени намирници се прочистува телото, т.е. се врши детоксикација на организмот.

Нутриционистите велат дека храната за време на постот треба да биде разновидна, бидејќи така се чува имунитетот.

Нутриционистката Тања Бакрач во една прилика изјави дека постот значи изоставување на храна од животинско потекло и треба да биде разновидна, односно дека е важно да се внимава да се внесуваат доволно хранливи материи, протеини, масти и јаглехидрати.

– Постот не треба да биде униформен за да не се намали имунитетот и да се избегнат здравствени проблеми. Особено е важно да не го избегнувате појадокот. За време на постот треба да се зема храна која е свежа и содржи витамини, минерали и растителни влакна – истакна Бакрач.

Таа додаде дека за време на постот може да има недостаток на витамин Д во организмот, бидејќи не се консумираат млечни производи, па затоа е неопходно да се јаде риба или да се земаат додатоци на тој витамин.

Покрај витаминот Д, важни се и витаминот Б12 и витаминот Ц.

Освен што го чисти организмот од токсини, постот позитивно влијае и на целокупното здравје.

Утврдено е дека 65% од енергијата на телото после тежок и обилен оброк е насочена кон дигестивниот систем. Постот го одмора дигестивниот систем и овозможува детоксикација и чистење на организмот.

Додека се одвива овој процес, енергијата на телото, која вообичаено е фокусирана на варење на храната во текот на денот, сега е насочена кон регенерација на организмот и негово обновување.

Во исто време, личноста ја зајакнува менталната острина и добива нови идеи за работа. Така, благотворните ефекти на постот не се ограничени само на физичкиот аспект на телото, туку носат безброј придобивки и предности за менталното здравје и психолошката стабилност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата