Пејачот ја бакнува мајка си сочно, во уста!

14.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачот ја бакнува мајка си сочно, во уста!

Колумбискиот пејач и текстописец Малума (25) објавил фотографија со својата мајка на која, колку и да звули бизарно, ја бакнува сочно во уста!

„Среќен ден љубов на мојот животм среќен Ден на мајките“, напишал Малума. 

Од 42 милиони следбеници на Инстаграм, фотографијата му ја лајкнале скоро два милиони, а има повеќе од 30 000 коментари. Има од оние кои не гледаат ништо лошо во бакнежот, но има и од оние кои го критикувале и нападнале. 

„Не сум знаел дека во Колумбија вака го слават Денот на мајките... Чудно...“, „Другар, ова е болно!“... само дел од коментарите кои стигнале на сметка на Малума чие вистинско име е всушност Хуан Луис Ландоњо Ариас. Малума е сценско име составено од првите букви на имињата на мајка му Марли, татко му Луис и сестра му Мануела.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата