Загинаа 11 рудари во Сибир

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загинаа 11 рудари во Сибир

Единаесет рудари загинаа а уште 45 други се повредени откако беа заробени по пожар кој избувна во четвртокот утрото во рудник за јаглен во регионот Кемерово, во руски Сибир, соопштија локалните власти.

По несреќата стотина рудари, од вкупно 285 кои во тој момент биле под земјата, останале заробени. Веднаш била започната операција на евакуацијa од рудникот кој е во сопственост на компанијата „СДС-Уголь“, третиот по обемот произведувач на јаглен во Русија.

Бројот на загинатите и поврдените, од кои четири лица се во критична состојба, го потврди гувернерот на Кемеровската област, Сергеј Цивилев.

Според него, чадот во рудникот бил забележан околу 8,30 часот во четвртокот по локално време, односно, 2,30 часот по македонско време, кога во рудникот имало 285 рудари. Повеќето од нив брзо биле извлечени на површината, а другите веројатно останале блокирани во подалечните тунели на рудникот „Листвјажнаја“ и со нив била загубена врската. Притоа биле ангажирани 19 спасувачки екипи со околу 30 единици на специјална опрема.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата