Маск повторно продаде акции од „Тесла“

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маск повторно продаде акции од „Тесла“
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, повторно продаде уште еден дел од акциите на компанијата за околу 1,05 милијарди долари.
Тој овој месец продаде акции на „Тесла“ за вкупно 9,85 милијарди долари, пренесува CNBC, прецизирајќи дека на 10 ноември остварил продажба во износ од 6,9 милијарди долари, а на 15 и 16 ноември во износ од уште 1,9 милијарди долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата