Повторно во функција автобуската линија Жданец – Сити мол

24.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повторно во функција автобуската линија Жданец – Сити мол

Градоначалникот Јакимовски, денеска на средба со директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје побарал информација зошто е прекината автобуската линија која беше пуштена во текот на изборната кампања.

Од страна на директорот на јавното претпријатие добил одговор дека возилото било во дефект. Истовремено, од ЈСП информирале дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денот, по што најдоцна до утре ќе продолжи да сообраќа автобусот на релација Жданец – Сити мол.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата