Како се нарачува КАФЕ ВО ИТАЛИЈА – Некои грешки Италијаните не ги простуваат

10.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како се нарачува КАФЕ ВО ИТАЛИЈА – Некои грешки Италијаните не ги простуваат

Кога туристите одат во Италија, тие дефинитивно сакаат да пробаат две работи – кафе и вистинска италијанска пица, но повеќето прават груби грешки кои предизвикуваат скриен потсмев од домаќините.

За некого кафето е напиток кој помага да се разбудат, за некого тоа е „шолја разговор“, а во Италија подготовката и уживањето во кафето е начин на живот.

Но, во зависност од делот на земјата во која живеат или од каде доаѓаат, се разликуваат и навиките, па 20 региони и повеќе од 8.000 италијански градови се карактеризираат со бројни разлики.

Кафето во Венеција е претежно полно со вкус и ароматично, зачинето со ориентален мирис на ванила, во Милано е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигурија е поробусно, пишува Punkufer.hr

Ако одите во Трст и сакате еспресо во кафуле, магичниот збор е неро, а капо е макијато или еспресо со малку пенесто млеко.

Марочино, кое се пие во Милано, се карактеризира со додавање на какао што се додава во еспресото со млеко. Во Торино се вика бицерин, а во Апулија треба да нарачате еспресино. Во Неапол посебно се цени еспресото, а најпожелно е ако е кратко и јако.

За да нарачате кафе како Италијанците, треба да знаете дека кафињата со млеко, како капучино, кафе лате и макијато се резервирани за утринските часови; ако ги нарачате попладне, ризикувате да предизвикате потсмев од келнерот, кој, се разбира, ќе се обиде да не ја забележите неговата реакција. Исто така, вакво кафе не треба да се нарача после оброк.

За Италијанците, еспресото е кафе во кое уживаат брзо, многу често на нога, а цената за шолја еспресо е повисока доколку решите да седнете во кафуле и да го испиете ова кафе без брзање. Ристретото е пократко од еспресото, а лунгото или американото е подолго.

Треба да се има предвид дека Американо не е толку благо како американското кафе, а има значително помалку вода во однос на количината на кафе. За побрзо опоравување по непроспиена ноќ, допио или двојно еспресо ќе ви помогне.

Лате макијато ќе ви биде послужено во висока чаша и подготвено така што различните слоеви се јасно видливи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата