Јорданов денеска ја презема градоначалничката функција

25.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јорданов денеска ја презема градоначалничката функција

Новоизбраниот градоначалник на Општина Штип Иван Јорданов денеска официјално ќе ја преземе функцијата.

Според најавите, Јорданов напладне ќе го добие Уверението од страна на Општинска изборна комисија, а во 12:30 часот ќе се изврши примопредавањето на функцијата во Кабинетот на Градоначалник на Општина Штип.

Претходно Јорданов ќе присуствува на литургија во црква Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, а потоа ќе пешачи од Ново Село до Општина Штип со неговиот тим.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата