Младост 96 и Крива Паланка 2007 не знаат за пораз во пинг-понгарскиот шампионат

25.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младост 96 и Крива Паланка 2007 не знаат за пораз во пинг-понгарскиот шампионат

Со одигрувањето на натпреварите од второто и третото коло од двете најсилни лиги во сениорска конкуренција, пинг-понгарското првенство доби и нови фаворити за највисок пласман.

Минатогодишниот апсолутен шампион Младост 96 од Прилеп, после три одиграни кола со максимален скор се уште го чува првото место на суперлигашката табела. Како најсериозен конкурент за шампионската титулата на прилепчани се наметнува екипата на Крива Паланка 2007 во чии што редови токму од Младост 96 во преодниот рок во Крива Паланка 2007 премина државниот првак Станојковски.

Покрај прилепчани и паланчани се уште без пораз е и екипата на Телеком НЕЦ 2 која секогаш во последните неколку сезони е кандидат за висок пласман. Шампион ФА и Младост веќе ги запишаа и првите порази со што уште на стартот на првенството остануваат само фаворити од сенка.

Супер лига

2-коло

ВАРДАР – РАДОВИШ 1:4

КРИВА ПАЛАНКА 2007 – МЛАДОСТ 4:3

МЛАДОСТ 96 – РАБОТНИЧКИ 4:0

РИСОВИ – ШАМПИОН ФА 1:4

3-коло

РАБОТНИЧКИ – РИСОВИ 4:2

МЛАДОСТ – МЛАДОСТ 96 1:4

РАДОВИШ – КРИВА ПАЛАНКА 2007 2:4

ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 – ВАРДАР 4:0

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата