Во Јапонија испливаа бродови од морското дно кои потекнуваат од втората светска војна

25.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Јапонија испливаа бродови од морското дно кои потекнуваат од втората светска војна

Причина за ненадејното појавување на бродовите е поместувањето на морското толо како резултат на активноста на вулканот Сурибахи, пишува „Дејли мејл“.

Снимките од јапонскиот Ал Нипон Њуз покажуваат остатоци од трупови на 24 транспортни бродови кои биле заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на Иво Џима за да послужат како основа за формирање на пристаниште кое тогаш не постоело на островот.

Овие бродови служеле да ги заштитат од ветар и бранови американските бродови од кои се симнувале војниците и се истоварувало оружје и опрема.

Децении подоцна, сеизмичката активност на вулканот Сурибахи, кој се смета за еден од најактивните во Јапонија, го крена морското дно, а со тоа и бродовите.

Денес нема жители на островот, но има јапонски вооружени сили кои дошле таму откако Американците го вратиле островот под управа на Токио во 1968 година, пренесува „Јутарњи лист“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата