Бочварски: Преку транспарентен начин носиме нов закон за градење

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бочварски: Преку транспарентен начин носиме нов закон за градење

Текстот на новиот закон за градење е веќе изготвен и доставен до сите заинтересирани страни за што Министерството за транспорт и врски во овој период прибира предлози и идеи за негово подобрување, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој на покана на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се обрати на стручната расправа по однос на текстот за новиот предлог-закон за градење.

„Реформските процеси ги продолжуваме за да изградиме праведно општество кое ќе се темели на сигурност за сите чинители во оваа дејност, граѓани, инвеститори, интитуции. Се определивме да креираме комплетно нов zакон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата.

Со новиот предлог-закон се уредува материјата на проектирање, на издавање  акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште. Дополнително, се уредува категоризацијата на градби, а го зајакнуваме и инспекцискиот надзор над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од Државниот инспекторат за урбазниам и градежништво, преку оформување на rегионални подрачни единици“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Тој во продолжение истакна дека со предло-законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој, ќе се стимулира инвестирањето во градење, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот, ќе се овозможи разрешување на наталожените проблеми што постојното се јавуваат во оваа област.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата