Слика поскапа од Њукасл: Бин Салман за „Salvator Mundi“ на Да Винчи дал 450 милиони фунти!

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слика поскапа од Њукасл: Бин Салман за „Salvator Mundi“ на Да Винчи дал 450 милиони фунти!

По најавите дека Мохамед бин Салман, претставникот на Саудискиот инвестициски фонд, кој вреди дури 800 милијарди долари, деновиве го “скенирал“ Интер и дека после Њукасл сакал да го купи и италијанскиот и светски гигант, некои ќе се запрашаат до каде ќе оди се ова. Сета оваа фудбалска лудница. Во Англија веќе Бин Салман наидува на проблеми, останатите клубови прават сопки, ретко кој голем тренер сака да дојде на клупата на Њукасл.

Ќе видиме како ќе биде тоа со Интер, но зарем некој мислеше дека тие 300 милиони фунти што Бин Салман ги “фрли“ за Њукасл е некаков проблем за него и неговото пребогато семејство.

Принцот Бин Салман и веројатно идниот монарх на С. Арабија, е пребогат, може да си дозволи се и сешто. И Њукасл и Интер… и уште многу други клубови.

Бин Салман ја има најскапата куќа во светот, ја има најскапата јахта или брод во светот, има се нај, нај, нај…

Да, ја има и најскапата слика или уметничко дело на светот. Замислете тој ја поседува сликата на Леонардо да Винчи насловена како „Salvator Mundi“. Тоа е портретот на Исус, спасителот на светот.

Во декември 2017 година на аукција, еден од братучедите на Бин Салман, ја купи оваа слика за неверојатни 450 милиони фунти. Се разбира дека Бадр бин Абдулах Ал Сауд ја купи таа слика во името на Бин Салман.

И сега испаѓа дека Њукасл како клуб е помалку вреден, односно дека е „играчка“ во рацете на пребогатиот Бин Салман, од една слика.

Сепак…тоа е Леонардо да Винчи.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата