СЕ ОГЛАСИЛ ГЛАВНИОТ ПОЛИЦАЕЦ! Од каде кај Алек Болвин ВИСТИНСКИ пиштол на снимање филм

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ОГЛАСИЛ ГЛАВНИОТ ПОЛИЦАЕЦ! Од каде кај Алек Болвин ВИСТИНСКИ пиштол на снимање филм

Глумецот Алек Болдвин (68) сосема е скршен после страшната трагедија во која ја убил директорката на фотографии Халина Хацинс (42) а тешко го ранил режисерот Џоел Соуза (48).

Глумецот Алек Болдвин случајно на сетот за време снимање на филмот “Руст“ ја убил директорката на фотографии, а го ранил и режисерот Џоел Соуза од реплика на пиштол.

– Тие двајца се здобиле со прострели рани, кога глумецот и продуцент Алек Болдвин го испразнил огненото оружје. Го испрашувале полоциските инспектори и бил целиот во солзи – рекле од полицијата.
Откако Алек ја ранил Халина, таа со хелихоптер била пренесена е во болница, но докторите само ја констатирале нејзината смрт.

Болдвин сам дошол во полициска станица и плачејќи дал изјава.

Изгледа дека за снимање на филмот бил користен вистински пиштол, но требал да биде наполнет со лажни куршуми, меѓутоа сеуште не е јасно дали во него биле вистински куршуми или ситуацијата со “ќорците“ им излегла од контрола.

Сеуште не е истражена причината поради која Болдвин пукал во лица кои не биле дел од екипата глумци, но локалната полиција го испитува случајот, а кривична пријава не е поднесена.

– Спрема истражителите, изгледа сцената која е снимена вклучила и употреба на огнено оружје кога се случила несреќата. Детективите истражуваат како и кој вид проектил е испукан – рекол потпаролот, шерифот Хуан Риос.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата