16 лица загинаа при експлозија во руска фабрика за хемикалии

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
16 лица загинаа при експлозија во руска фабрика за хемикалии

Шеснаесет лица загинаа во експлозија и пожар во фабрика за барут и хемикалии во руската покраина Рјазањ, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на доверлив извор.

Надлежните официјално потврдија дека во несреќата загинале 12 лица, а четворица се водат за исчезнати. ТАСС, повикувајќи се на својот извор, објави дека несреќата била предизвикана поради непочитување на технолошкиот процес.

Министерството објави фотографии од пожарникари покрај зградата, која се чини дека е делумно уништена од експлозијата.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата