Американската актерка и модел Каруче Трен (33) се појави на роденденската забава на познатата пејачка Доџ Кат. Темата на забавата била подводниот свет, па Каруче храбро одговорила на задачата.
Актерката се појави во долг зелен проѕирен фустан со шлиц, а лесната креација всушност повеќе откриваше отколку што криеше.
Ја покажа својата фигура, го истакна затегнатото тело, а под фустанот облече танга и ги прекри градите со светкави циркони.
Да потсетиме, Каруче беше во проблематична врска со раперот Крис Браун, а нивната врска беше честа тема во странскиот печат.