Браво момче МАКЕДОНЧЕ: Димитар Ѓоргиев е светски првак во кик бокс!

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Браво момче МАКЕДОНЧЕ: Димитар Ѓоргиев е светски првак во кик бокс!

БРАВО, БРАВО ДИМИТАР. Предмалку Димитар Ѓорѓиев успеа со 3-0 во финалето на СП во кик бокс да го победи Никола Дробњак од БиХ. Нашиот претставник според извештаите од лице место, во текот на целата борба бил надмоќен, едноставно си ја покажал сета своја класа и на крај победил, апсолутно заслужено.

Чиста доминација на Македонецот кој веќе неколку години е неприкосновен во ова натпреварување во светски рамки. Ова е негова четврта титул на СП во кик бокс.

Македонија има спортист со која се гордее.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата