Дали знаете КОЛКУ ШТЕДАТ ХРВАТИТЕ, мажите и жените во Хрватска не штедат исто

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали знаете КОЛКУ ШТЕДАТ ХРВАТИТЕ, мажите и жените во Хрватска не штедат исто

Кога станува збор за причините за штедење кај Хрватите, повеќето испитаници, 67 отсто, штедат за да создадат залиха на пари за непредвидени ситуации, 43 отсто сакаат да обезбедат финансиска поддршка за себе и за своите семејства, додека 18 отсто штедат за пензија и 10 отсто за образование.

Хрватските граѓани издвојуваат месечно во просек 549 куни (околу 73 евра) за заштеди, што е за 15 проценти повеќе отколку во 2020 година, според истражување за навиките за штедење на населението, спроведено од агенцијата ИМАС во јули и август оваа година .

Според резултатите од истражувањето, во кое учествувале нешто повеќе од 500 граѓани, мажите месечно штедат во просек по 593 куни (79 евра), а жените нешто помалку, 507 куни (67 евра), пишува Пословни дневник.

Истражувањето, спроведено за потребите на Групацијата Ерсте, покажа и дека еднаков број мажи и жени, 82 отсто од нив, заштедата ја сметаат за важна или исклучително важна.

Студијата открива и како периодот на ниски каматни стапки, кој трае подолго време, влијаел на навиките за штедење на населението. Една четвртина од испитаниците рекле дека поради тоа заштедените пари ги чуваат на тековната сметка, 15 отсто ги вложиле парите во купување недвижен имот како вид на заштеда, додека 37 отсто не смениле ништо.

Помал процент од испитаниците штедат и за поголеми купувања како куќа или стан, автомобил и слично (16%), а некои штедат и за патување (15%). Повеќето испитаници, 40 отсто, штедат на штедни сметки, а само три отсто од нив ги вложуваат своите средства во недвижен имот како вид на штедење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата