ДЕНЕС БИ НАПОЛНИЛ 57 ГОДИНИ: Една одлука го одвела Дражен Петровиќ во С*РТА – Како се случила една од најголемите трагедии во историјата на спортот (видео

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕС БИ НАПОЛНИЛ 57 ГОДИНИ: Една одлука го одвела Дражен Петровиќ во С*РТА – Како се случила една од најголемите трагедии во историјата на спортот (видео

Легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ денес би го прославил 57. роденден. Тој настрадал 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија, а оваа трагедија се смета за едена од најголемите во историјата на спортот
На денешен ден е роден Дражен Петровиќ.
Петровиќ 7 јули 1993 година погинал во сообраќајна несреќа, кога неговиот црвен голф влетал во камион со цистерна на автопатот кај Денкедорф во Германија.

Еден ден предходно ја одиграл последната утакмица и го постигнал последниот кош.
Хрватска во полскиот Вроцлав играла квалификации за Европско првенство, ривал и била селекцијата на Словенија. Утакмицата немала резултатски значение, бидејќи Хрватите порано обезбедиле пласман.

primera fase. Croacia- Estados Unidos. Solo Drazen compite contra el Dream Team (19p) pic.twitter.com/gYsETr8z6m

— Manu Suarez (@ManuSuarez16) June 7, 2018


Тој после овој меч донел кобна одлука да се врати во Хрватска со тогашната девојка Клара Сален која таа ноќ била за воланот, а спрема полициските извештаи брзината со која возела била 160 километри на час.
Дражен спиел на совозачкото место, каде што од ударот излетал од автомобилот и на место загинал.

Пертовиќ кариерата ја започнал во Шибеник, потоа играл за Цибона, Реал Мадрид, за потоа да помине во НБА каде го носел дресот на Портланд, а потоа во Њу Џерси, каде што ја доживеал најголемата слава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата