Рама: Отворен Балкан Е ИДНИНАТА, НЕМА ДРУГ ПАТ

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама: Отворен Балкан Е ИДНИНАТА, НЕМА ДРУГ ПАТ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека е убеден оти сите земји од регионот ќе станат дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

На свеченоста по повод годишнината од германската фондација „Фридрих Еберт“ во Албанија, Рама посочи дека нема друг пат освен „Отворен Балкан“.

„Отворен Балкан“ е вистинската идеја во вистинско време и без сомнение секој чекор по чекор ќе ја прифати идејата. Тоа е иднината, нема друга опција освен да се отвориме еден кон друг“, истакна Рама.

Премиерот на Албанија оцени дека земјите од регионот ќе бидат принудени да го сторат тоа во моментот кога ќе влезат во ЕУ.

Според Рама, никој од Западен Балкан нема луксуз да ја остави економијата на страна и да се занимава првенствено со политика во интерес на партијата.

Премиерот на Албанија оцени дека балканските земји во моментов губат време во напорите да напредуваат во процесот на европска интеграција и додаде дека Албанија нема време за губење.

Рама посочи дека со прифаќањето на „Отворениот Балкан“, земјите од регионот си даваат можности да ги развиваат своите економии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата