Земјотрес тресеше, додека премиерката се обраќаше – Ја зграпчи говорницата и продолжи да зборува (ВИДЕО)

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес тресеше, додека премиерката се обраќаше – Ја зграпчи говорницата и продолжи да зборува (ВИДЕО)

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн накратко застана додека ѝ се обраќаше на нацијата на прес-конференција за коронавирусот, додека во исто време зеемјотрес ја тресеше земјата.  Премиерката сепак го продолжи пресот.

Велингтон и околните области беа потресени од земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала во четвртокот, со епицентар на 35 километри југозападно од градот Таумарунуи, објави Новозеландскиот центар за геолошки истражувања Геонет, пренесува Ројтерс.

Ардерн се насмевна и се обрати до новинарите прашувајќи: „Извинете, малку одвраќање. Дали можете да го повторите прашањето?

Таа за новинарите на крајот од настанот изјави дека вицепремиерот Грант Робертсон, кој исто така бил на лице место, не бил целосно убеден дека се работи за земјотрес и дека мислел дека е само силен ветер.

Премиерката пред година и пол мораше накратко да престане да се појавува на телевизија, кога се почна да се тресе.

– Изгледа имаме земјотрес, Рајан. Добро се тресе, гледате како работите се тресат зад мене – изјави тогаш изненадената Ардерн, која потоа брзо се собра и го продолжи интервјуто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата