Ердоган РЕШИТЕЛЕН: Амбасадорите на Франција, Германија и САД не се добредојдени во Турција

22.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган РЕШИТЕЛЕН: Амбасадорите на Франција, Германија и САД не се добредојдени во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган критикуваше амбасадори на 10 држави кои повикаа на ослободување на уапсениот филантроп Осман Кавала нарекувајќи ги нивните барања – неодговорни.

Ердоган сугерирал дека амбасадорите на тие држави меѓу кои Франција, Германија и САД не се добредојдени во Турција.

МНР на Турција повика на разговор во вторникот амбасадори на 10 држави поради соопштение во кое се повикува на ослободување на филантропот Кавала. Меѓу нив беа и амбасадорите на САД, Германија и на Франција, јави државната новинска агенција Анадолја.

Амбасадите повикаа за итно ослободување на Кавала кој е во затвор веќе четири години без пресуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово пуштање на слобода.

Во 2020 година тој беше ослободен од обвинувања поврзани со протестите организирани ширум државата во 2013 година, но оваа година пресудата беше укината и комбинирана со обвинувања за друг случај во врска со обид за организирање државен удар во 2016 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата