Боки 13: Заев нарачувaше пресуди преку претседателот на Кривичен суд Џолев, имам доказ во мобилниот

21.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13: Заев нарачувaше пресуди преку претседателот на Кривичен суд Џолев, имам доказ во мобилниот

Премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев  тврдеше денеска Бојан Јовановски пред судечкиот совет на рочиште за предметот „Меѓународен Сојуз“.  Боки 13 рече дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање, пренесува „Алфа.тв“.

– Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет, рече Бојан Јовановски пред судот.

Откако Боки 13 влезе во расправа со судијката Софче Гаврилова, која му кажа дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон а неговото барањето ќе биде доставено, по што Јовановски беше избркан од судницата.  Откако тргна да ја напушта судската сала, Јовановски се обраќаше кон Гаврилова говорејќи дека  во судот нема ниту ред ниту достоинство.

Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Следното рочиште е закажано за 8-ми ноември кога пред судот искази треба да даваат сведоци кои ги предложи одбраната на обвинетата во случајот Јасна Мандиќ.

Јовановски  претходно бараше изземање на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.  Тогаш тврдеше дека таа од него барала да пушти ТВ екипа за да го снима апсењето на екс-градоначалникот Стевче Јакимовски, го информирала што работи обвинителството и кого истражува во случајот „27 април“за што Боки 13 имал докази во телефонот, а барањето за изземање на Рускоска му беше одбиено.

Јовановски тврдеше и дека има докази за инволвираност на високи функционери во шема на кривични дела, а поврзани со кршење на законите и рекетирање за што поднесе кривични пријави до Обвинителството.  Бојан Јовановски веќе е осуден на девет години казна затвор потврдена од Апелациониот суд во случајот „Рекет“, во кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева доби 7 години затворска казна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата