Шефот на Бундесбанката си поднесе оставка

20.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на Бундесбанката си поднесе оставка

Шефот на Бундесбанката, Јенс Вајдман, поднесе оставка од лични причини.

Вајдман побара од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го разреши на 31 декември, се вели во соопштението на Бундесбанката.

„Дојдов до заклучок дека повеќе од 10 години е добро време да свртите нов лист – за Бундесбанката, но и за мене лично“, напиша Вајдман во писмо до раководството на банката, пишува Политико, а пренесува Спутник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата