Митревски не може сам, Порто поразен дома од Веспрем

14.10.2021
Vesnik.com
Митревски не може сам, Порто поразен дома од Веспрем

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски имаше одлична партија во дресот на Порто, но неговиот тим, сепак, доживеа пораз на домашен терен од Веспрем во рамките на Лигата на шампионите. Митревски имаше 14 одбрани, но тоа не му помогна на португалскиот шампион да стигне до победата. Веспрем триумфира со 30:23.

За Веспрем не играше Дејан Манасков кој е повреден и нема да игра до крајот на сезоната.

Во групата Б Порто е на петтото место со скор од 2 победи и 2 порази и има четири бода. Пред нив се ПСЖ со пет бодови, па Веспрем со шест, втор е Киелце исто така со шест и прва е Барселона која има шест бода и многу подобра гол-разлика од оние што имаат исто бодови.

Во другите натпревари Барселона го совлада Динамо Букурешт со 36:32, а ПСЖ беше подобар од Мотор со 40:32, претходно Пик Сегет изгуби дома од Елверум со 30:34.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата