Јовановски: ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА ми беше мотив да се кандитирам за Кичево, оти сега нема услови за нормален развој

14.10.2021
Vesnik.com
Јовановски: ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА ми беше мотив да се кандитирам за Кичево, оти сега нема услови за нормален развој

Кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јованоски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека мотивот поради што се кандидирал за градоначалник се децата.

„Јас имам три дечиња и размислувајќи за нив, гледам дека нема услови за нормален раст и развој на нашите деца почнувајќи од детски градинки, соодветни училишта, спортски сали и слични детски катчиња каде што тие нормално физички и психички би се развивале и би имале нормален социјален живот“, истакна Јованоски.

Тој додава дека од друга страна во последниве години се гледа дека овој град не оди напред.

„Нападнати сме од кучиња скитници по улиците, по улиците тече фекалии, имаме населби каде нема канализации се уште за жал, во 21 век. За жал и во нашите села каде има млади луѓе, има дечиња кои живеат немаат никаков услов каде да се дружат, спортуваат и нормално да се развиваат. Така да, јас како човек на возраст која бара општествена активност, човек кој се реализирал себеси како професионалец, како доктор одлучив да дејствувам и да се обидам да променам нешто во однос на сите граѓани“, посочи Јованоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата