Арсовска: Скопје има места кои се целосно заборавени од власта, ЈАС ТОА ЌЕ ГО ПРОМЕНАМ

14.10.2021
Vesnik.com
Арсовска: Скопје има места кои се целосно заборавени од власта, ЈАС ТОА ЌЕ ГО ПРОМЕНАМ

Данела Арсовска кандидатката за градоначалник на Скопје, денеска при посета на Бутел истакна дека ќе се фокусира на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемот со водоснабдувањето и фекалната канализација и рамномерно вложување во сите општини и населени места подеднакво се клучните приоритети и недостатоци за кои побараа итно решавање.

-Повеќе нема да има заборавени населби. Скопје денес има населени места кои беа целосно заборавени од градските власти во овие четири години, а живеат во субстандардни услови, како што се Љуботен, Љубанци, Радишани и сите останати општини не само во општина Бутел, туку и генерално во градот. Ќе почнеме со решавање на проблемите уште од првиот ден. Јас сум човек што доаѓа од народот и ќе работам на исполнување на барањата токму на народот и заедно со нив да го направиме Скопје подобро место за живеење. Токму тоа е мојот врвен приоритет, порача Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје на средбата со граѓани во Бутел.

Арсовска дополнително се осврна и зборуваше за потребата скопјани и бутелчани да живеат во убав град и средени населени места, а покрај обезбедување на основни услови за живот, ќе овозможат гасификација на домаќинствата и инвестирање во нови сообраќајни решенија.

-Доколку сакаме модерен и европски град, со чиста и здрава животна средина тогаш предуслов е на граѓаните да им овозможиме гасификација за секое домаќинство со субвенционирање на приклучокот за истиот, а дополнително за овој дел од Скопје ќе овозможиме внатрешна обиколница која ќе ги поврзува Гази Баба и Бутел со останатите населби. Тоа е новиот булевар „Хрватска“,што исто така беше ветен, но не беше реализиран од актуелниот градоначалник во заминување, а ние ќе го направиме, рече Арсовска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата