ВИДЕО

БИЗАРЕН ТРЕНД се шири на ТикТок: Девојките си ги кубат косите, но не знаат колку тоа им го загрозува здравјето

14.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БИЗАРЕН ТРЕНД се шири на ТикТок: Девојките си ги кубат косите, но не знаат колку тоа им го загрозува здравјето

Често пати на социјалната мрежа ТикТок може да се видат и бизарни совети кои за жал уживаат голема популарност помеѓу корисниците и набрзо стануваат трендови. Еден од нив е и ‘scalp popping’, што е всушност кубење на прамен од косата од корен, додека не се слушне звук на пукање.

@yanasemerlyReply to @heluvd we don’t know how it tutorial works 🤣

♬ original sound – Yana

„Кога силно ќе ја повлечете косата во мекото ткиво помеѓу скалпот и черепот, се слуша звук на ‘пукање’, а тоа може да предизвика крварење под скалпот, што често предизвикува инфекции“, предупредува кожниот лекар д-р Рос Пери, за порталот „Tyla“.

„Кубењето на косата лесно може да ја оштети внатрешноста на скалпот, што секако е многу болно и непријатно, а исто така може да предизвика долгорочно оштетување на фоликулите на косата, што може да доведе и до поголемо опаѓање на косата“, објаснува докторот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата