Од сабота ќе уживаме во есента! Следува СТАБИЛИЗАЦИЈА на времето

14.10.2021
Vesnik.com
Од сабота ќе уживаме во есента! Следува СТАБИЛИЗАЦИЈА на времето

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, информираат од УХМР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата