ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА СТОМАК ПОЛН СО КОКАИН: Бразилка се обиде да прошверцува дрога на Балканот

14.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА СТОМАК ПОЛН СО КОКАИН: Бразилка се обиде да прошверцува дрога на Балканот

Полицијата објави фотографија од рентген снимка на нејзиниот стомак на која се гледаат капсули исполнети со кокаин.

На 3 октомври, членовите на граничната царинска испостава на аеродромот во Загреб фатија 28-годишна Бразилка која се обиде да прошверцува скоро килограм кокаин од Сао Паоло преку Лисабон.

За време на рендгенско сликање на стомакот, полицијата открила голем број страни тела во дигестивниот тракт на осомничената.

Дневник.хр објави и фотографија од видео снимка од нејзиниот стомак на која се гледаат капсулите што ги проголтала. Тоа беше чист кокаин, што значи дека со понатамошно мешање може да се добие двојна или потенцијално тројна количина наркотици од оригиналната.

Нејзиното тело содржело вкупно 76 капсули полни со кокаин, со вкупна тежина од околу 990 грама.

“Целта за внесувањето на капсули полни со кокаин е понатамошна препродажба. По завршување на кривичната истрага, осомничената е однесена во притвор, додека биде поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство”, додаде полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата