ТРАГЕДИЈА КАЈ ШТИП: Загина 43-годишен тракторист

14.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА КАЈ ШТИП: Загина 43-годишен тракторист

Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место. 

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21:50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата