СНЕГОТ направи хаос на патот Маврово – Дебар: ЗАБРАНА за движење на тешки товарни возила

14.10.2021
Vesnik.com
СНЕГОТ направи хаос на патот Маврово – Дебар: ЗАБРАНА за движење на тешки товарни возила

Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата