Диало: Мора да извлечеме поука, сезоната е долга!

13.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диало: Мора да извлечеме поука, сезоната е долга!

По едно неубедливо издание, враќање нема назад. Ракометарите на Вардар мора да гледаат напред, а од поразот од Монпеље да извлечат добра поука за следните предизвици во Лигата на шампионите.

Она што посебно боли е прекрасната атмосфера, сите посакуваа истата да биде наградена со нова победа, но Монпеље одигра фантастичен меч, добро го скенирал Вардар.

„Вардар не го отвори добро мечот, за разлика од Монпеље кој имаше добар старт. Мора да извлечеме поука од овој меч и да се поправиме за следните. Монпеље мора да се почитува, покажаа дека се одличен тим и против Кил. Сезоната е долга, треба да работиме подобро во следниот период и да се подобриме. Благодарност за навивачите за атмосферата во салата“, изјави Бакари Диало.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата