„Среќа што не игравме против Бутел оти ќе изгубевме и од нив“

13.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Среќа што не игравме против Бутел оти ќе изгубевме и од нив“

Веселин Вујовиќ е доволно искусен да знае какви бурни времиња можат да го снајдат него и неговиот тим. Поразот од Монпеље за Вардар е сериозен шлаканица пред продолжението од сезоната.

Стратегот на актуелниот македонски првак не потценувајќи никого истакна дека вечерва, со ваква игра можеле да изгубат и од Бутел Скопје.

„Среќен сум што не игравме со Бутел Скопје, оти ќе изгубевме и од нив. Со вакви грешки кои ги направија бековите можевме да бидеме поразени од секого, не сакам да потценувам никого, не би сакал да бидат сфатен погрешно. Ова е сериозна шлаканица, мора да газиме цврсто на земја. Најави дека ќе дојдат тешки времиња, еве ги дојдоа, сега останува да видиме колку сме силни“, додаде на официјалната прес-конференција, Вујовиќ.

Тој и неговите момци ќе имаат една недела да ги поправат сите грешки пред гостувањето кај Алборг закажано за 19. овој месец.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата