Мицкоски: ПОТОНАА ВО ВОДА МАШИНИТЕ ВО РЕК, додека гледаат тендерите да ги добијат нивни фирми

13.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: ПОТОНАА ВО ВОДА МАШИНИТЕ ВО РЕК, додека гледаат тендерите да ги добијат нивни фирми

Додека џебовите на власта се полнат, брутално се осиромашува народот, истата таа власт која се богати, го осиромашува народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на вечеерашниот митинг во Крива Паланка. Тој објасни дека државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините. Мицкоски посочи дека ни претстои и нова енергетска криза.

„А, знаете ли зошто дојдовме до ова. Затоа што додека РЕК Битола  крадеа и им беше поважно кој ќе ги добие тендерите, тоа да бидат струмичките фирми или битолски Стентон, машините за ископ се потонати во вода, и нема доволен ископ. Цената стигна за сето неработење и грабеж, а тоа е 50 милиони евра, зошто 50 милиони евра затоа што толку ќе чини интервентниот увоз на јаглен во Македонија. Дополнителен проблем е како секој ден ќе поминуваат по 1000 камиони до Битола од по 20 тони, и до Кичево околу 300 камиона на ден исто така со околу 20 тони. Сигурно и од тоа ќе земе некоја струмичка фирма која дебело ќе заработи, можеби ќе дадат дел и овде во Паланка, сепак Путерот е од овде“, рече Мицкоски.

Според него суштината е во тоа што власта троши пари на народот.

„Вчера Македонија повлече струја од системот во регионот повеќе од што може да покрие, а информациите се дека телефонот од Брисел е дебело вжештен затоа што гледаат дека владата не умее правилно да менаџира со ресурсите во енергетиката. Тие 50 милиони евра од увоз на јаглен нема да ги плати Заев, ниту Љупче Путерот, туку ќе ги платат граѓаните на Македонија. А, може само батето да заработи, се знае кој е батето“, кажа Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата