ФМП Академија го доби македонското дерби со Куманово во БИБЛ лигата

13.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФМП Академија го доби македонското дерби со Куманово во БИБЛ лигата

Кошаркарите на ФМП Академија Навико го добија македонското дерби во премиерното коло од новата сезона на БИБЛ лигата. На дуелот во Куманово, поупорните гости на крајот и се израдуваа на премиерната победа во регионалното натпреварување со 63:59.

Во докрај неизвесен меч во кој ретко некоја екипа да направи поголема разлика, финишот им припадна на гостите. Во последните 60 секунди ФМП Академија влезе со минимална предност од еден поен разлика (59:60), но Куманово во неколку напади имаше шанса и да поведе, но шутот затаи кога беше најпотребно.

Џонатан Холмс доби неколку отворени шутеви за три поени за да го сврти резултатот во полза на Куманово, но откако не погоди, гостите освојуваа напади и реализираа од линијата за слободни фрлања за конечна победа.

Темелковски со 14 и Крстајиќ со 13 поени беа лидери во победата на гостите, додека кај Куманово Холмс заврши како најефикасен со 13 поени.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата