Македонија со Бонер во ноемвриските квалификации за ЕП 2023

13.10.2021
Vesnik.com
Македонија со Бонер во ноемвриските квалификации за ЕП 2023

Македонската женска репрезентација денеска и официјално доби нов селектор. Александар Ашаданов, кој беше помошник ја доби довербата од страна на КФСМ.

Иако во квалификациите за ЕП 2023 го чека тешка задача, сепак одлучи да го прифати предизвикот и да се обиде да го стори она што со години на никого не му успева, да го подигне нивото на националниот тим едно скалило погоре.

Пред ноемвриските квалификации за Ашаданов доаѓаат одлични вести. Тој на дуелите против Германија и Босна ќе може да смета на Американката со македонски пасош Девана Бонер.

Репрезентативката беше одлично освежување во „црвено-жолтите“ редови, за кратко време прерасна во лидер и брзо се адаптираше на новата средина, заедно со останатите кошаркарки создадоа добра атмосфера, дефинитивно нејзиното искуство е непроценливо.

Македонија првиот меч во квалификациите го игра на 11. ноември на гости кај Германија, додека три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Босна. Во нашата група се наоѓа уште и Белгија.

Првопласираните десет, плус уште четири национални репрезентации кои ќе имаат најдобар резултат помеѓу второпласираните, ќе обезбедат пласман на наредниот Евробаскет.

Во следниот период треба да биде објавен поширокиот список, како и стручниот тим на Ашаданов.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата