Османи и Мортон утре во Скопје ќе го одржат првиот состанок на Советот за партнерство

13.10.2021
Vesnik.com
Османи и Мортон утре во Скопје ќе го одржат првиот состанок на Советот за партнерство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе и биде домаќин на министерката за Европа и Америкa на Обединетото Кралство, Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја.

Целта на посетата е одржувањето на првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на кој од страна на Северна Македонија ќе копретседава министерот, Бујар Османи, додека од страна на Обединетото Кралство ќе копретседава министерката, Венди Мортон, информираат од МНР.

Советот, додаваат од таму, се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Исто така, во рамките на Советот, предвидено е министрите да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата