Кој е во моментов најпосакуваниот фраер во Холивуд? (ФОТО)

13.10.2021
Vesnik.com
Кој е во моментов најпосакуваниот фраер во Холивуд? (ФОТО)

Актерот Ештон Качер е сликан на снимањето на новиот филм, романтичната комедија „Your Place or Mine“ во која глуми со колешката Рис Витерспун. Новите фотографии го обиколија светот, а многумина се воодушевени од тоа како изгледа.

Ѕвездата од серијата „Среќни 70 -ти“ беше фотографирана од папараците додека снимаше филм каде што изгледа поинаку отколку што сме навикнати.

Сликите покажуваат атрактивен и згоден лик кој самоуверено шета по улиците на Њујорк, вози скапи автомобили …

Сериозниот изглед секако е промена во споредба со неговите опуштени, момчешки комбинации на облека, и на многу луѓе навистина им се допадна овој „нов“ Кушер: „Моќен“, „Згоден“, „Тој е толку убав вака“.

Иако се чинеше дека актерот Ештон Качер (43) засекогаш ќе изгледа како дваесетгодишник, не можеме да го игнорираме фактот дека и тој старее. Но, мора да признаеме дека старее со стил, па затоа не е изненадувачки што многумина го сметаат за еден од најзгодните актери на денешницата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата