“Родителот кој на своето дете му дава КНИГА, му прави ШТЕТА“

7.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Родителот кој на своето дете му дава КНИГА, му прави ШТЕТА“

Министерката за образование Мила Царовска би ја пријавила во МВР секоја книжарница која продава комплет учебници за четврто одделение, одговори таа на новинарско прашање дали имала сознанија дека ова се случува низ земјата.

– Бирото за развој на образованието нема издадено одобрение на никого за печатење примероци. Ако ми посочите каде се наоѓаат, тогаш јас тоа директно би го пријавила во Министетството за внатрешни работи како што направив и во претходни случаи кога имав сознанија дека такво нешто се случило и каде што имаше постапување,  изјави Царовска по учеството на конференција за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

Посочи дека учебниците се бесплатни и се достапни на e-biblioteka.gov.mk и треба да се користат во дигитална верзија затоа што, рече. тоа е од највисок интерес на учениците и процесот на нивно дигитално описменување и за следење на наставни содржини проследени со мултимедија и квизови кои ги нема во печатената верзија.

– Секој родител кој се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални улчебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална псименост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење и примање знаење, истакна  Царовска.

Печатени верзии на учебниците МОН има набавено 20 отсто од вкупниот потребен тираж и ги има платено и пратено до училиштата за да се обезбедат учениците кои немаат електрична енергија дома да може да ги имаат кај себе, а одреден број примероци и за користење во училишните библиотеки.

Царовска соопшти и дека вчера нови заразени во наставата со физичко присуство имало 0,01 отсто, а активни има вкупно 0,27 проценти  во училиштата што, рече, укажува дека состојбата е стабилна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата