Д.П. Латас

Кота 30

03.10.2021
DPL
Кота 30

Градот Скопје, значи Петре Шилегов, спонзорирале Прв извиднички одред од Скопје, деца на возраст од 15-16 години, за да се скријат во вукојебина Градовци, и да играат секс игри помеѓу себе.

Да зборуваат за свои сексуални искуства и фантазии, да глумат сексуални односи дури и меѓу деца од ист пол. Да ја урнат својата интима до коска, пред сите. И сето тоа со пари на град Скопје доделени од Петре Шилегов. Ете, тоа е иднината со нашите социјалдемократи и градоначалникот на Скопје, Петре. Им ги избришаа Гоце Делчев, Питу Гули, АСНОМ од читанките, па тргнаа да ги учат каков секс е препорачлив, особено меѓу млади од ист пол.

Родителот еден и родителот два, според новата терминологија на министерката Мила Цароска за татко и мајка, дознаваат за оваа перверзија и скандалот пука на најјако. Градот Скопје, замислете, се огради од извидниците и манифестацијата. Немале појма што е тоа, ама пари дале. А на секој флаер за настанот стои – грбот на Град Скопје, и ознака за спонзорство за настан наречен Секс и рокендрол, од Петре Шилегов. 

Работата е прилично сериозна, па Народниот правобранител по допрен глас, на своја иницијатива, решил да отвори постапка. Петре Шилегов не отворил постапка, Мила Цароска ни случајно не мисли да се позанимава што се случува со ученици кои се навлечени во овие перверзии и напад врз нивниот ум и интима. Фондацијата Сорос во Македонија потврди дека им дале 12.000 долари, ама за еколошка обука. Друг проект. 

Видовме секта на Џим Џонс од Али Експрес. Или, применета Саентологија на Рон Хабард. Така стојат работите кога своите деца ќе ги дадете во раце на социјалдемократите како спонзорот Петре Шилегов. Ќе ги однесте во школо како мајка и татко, Цароска ќе ви ги врати дома кај родител еден и родител два. Зашеметени. Изолирани од семејствата.

Соросоидите од Вистиномер, штом се спомна фондацијата Сорос Македонија, одма репортираа до Фесјбук да се прогласи секоја објавена вест за овој скандал како “лажна вест“, а Фејсбук да ги блокира објавите и казни порталите што ја објавиле. 

Ваквата манипулација со етикета “лажна вест“ за да се покрие напад и упад од нивниот Вистиномер врз медиуми кои не се од кампот на СДСМ е типична за таа тоталитарна секта против секој глас кој оди против власта. Да се задуши секоја мисла и објава која укажува, покажува, соопштува, се буни или негодува против нивниот тоталитарен ум. Изјавата на нивниот Зоран Заев дека “марихуаната лечи рак“ Вистиномер не ја оцени за лажна.  

Затоа, знајте, работите стојат многу полошо за оваа власт отколку што можете да видите по портали или на Фејсбук, но Вистиномер и Цивил педантно се трудат да се блокира секој факт, и секоја вест против нивната власт од која цицаат државни пари и грантови за лажно да верувате дака е поинаку. Да, многу е полошо од што читате по порталите но, со блокадите од Вистиномер на Фејсбук вестите не стасуваат до вас.

Цензурата на левичарите им е во крвта, а оваа сега е селективна и тотална. Вие немате право да ја знаете вистината. Стасале, не стасале вестите кои постојано ги блокираат, повеќето можат да ја видат реалноста, или да ја осетат на своја кожа, секојдневно.

И доаѓа ден кога секој од нас има шанса, и треба, да го каже својот став за сето ова што се случува во политиката. А политиката определува речиси секоја област во нашите животи и од то нема бегање. Ако не гласаш ти, ако сега не кажеш што не чини, сето ова ќе продолжи и наредните години а после, бадијала фрлање огин и пламен по Фејсбук.

Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ, нема никаква одговорност за владеењето и состојбите на локално ниво, во општините, освен во тие четири каде таа партија има власт. Во сите други, за се што не е добро треба да се гласа против СДСМ и ДУИ затоа што вината за вашите проблеми е нивна, и само нивна.

Јас не познавам човек, а познавам прилично луѓе, кој е задоволен од состојбиве во Македонија и кој не сака да види промени. Промени носи нова политика, нова власт и нови луѓе. Која промена може да донесе некој лик како Боро Малборо, шверцер на цигари, градоначалник од Ново Село на СДСМ. Кај го фатија во шверц, да нема загуба на синот му дадоа лиценца за марихуана. Да оди ниво погоре, од пушење на дување. 

Ова до толку беше шокантно што и претседателот Пендароваски реагираше и бараше објаснување кое не го доби. Одлуката синот на шверцерот Боро Малборо да добие лиценца за марихуана е потпишана од Радмила Шекеринска, во мај 2020-та. 

Која промена може да донесе градоначалник од СДСМ во Прилеп, на пример, кога неговиот началник на полицијата Кире Чипсио е фатен во шверц на марихуана заедно со возачот на Трајче Заев. А може ли промена да се очекува од власта на СДСМ во Охрид кога нивниот градоначалник Константин Георгиевски е ујдисан во дивоградбите после што на Охрид му се заканија дека ќе го загуби престижниот статус, град под заштита на УНЕСКО. Нема сомневање дека имал и личен интерес за сето тоа. Главниот со дивоградбите во Охрид, Нефи Усеини, и на овие избори е на советничката листа за Охрид.

И да редиме: Штип, кој е град без градоначалник. Бутел, каде градоначалникот е на линија со локалната нарко мафија. Аеродром кој доживеа цунами и остана без пари откако Марин ги исфинансира сите партиски невладини организации и плаќаше расвета и комунални услуги до четири пати поскапо од пазарната цена... А Кисела Вода? И амбицијата на Темелковски да додели 100 парцели за солитери, да се наплати и на млади години комотно да се пензионира... Карпош, со другарчето на Боки 13 е посебен случај...

Листата за промени е долга но, врвот на листата е секако Петре Шилегов, скопскиот кмет. Па има ли една, макар една, позитивна работа што може да се наведе за работењето во неговиот мандат и макар еден сериозен проект при потрошени 400 милиони евра од буџетот. Ај размисли, и кажи барем еден успешен проект на Шилегов? Нема.

Но, затоа, личниот имот на Шилегов е триплиран од времето на шарената револуција, па неговиот мандат се до денес. Корупцијата на Шилегов е долготрајна, уште од времето кога водеше комисија за жалби по тендерите во владата на СДСМ, особено кога соработуваше со Бучковски како премиер. Се потоа е само продолжение. Скопјани платија највисока цена, најмногу потрошени пари за ништо, со Шилегов кој сега единствен спас гледа во гласовите од Сарај и Кондово, по нешто во Чаир и Бутел. Другото му е чиста загуба во однос на Данела Арсовска која му води во сите анкети меѓу скопјани.

Да, и ти знаеш дека мора нешто да се менува, да има промени, работиве отидоа предалеку. Погледни во Скопје, здрави проекти на минатата власт се стопирани, а нови нема. Зградата на универзитетот Кирил и Методи е запрена во градба и личи на руина. Фасадата на Пелагонија, кај Триумфалната капија и на поранешно ЕСМ исто така. Цел плоштад Македонија четири години е градилиште со запрен развој, со закани за рушења а ништо ново не се гради, плус започнатото градење е стопирано додека не им се кешира.

Автобустите никој не ги одржува во исправна состојба. Автобуските станици не се пипнати со години. Секој дожд е поплава, ако мрднете од центар натаму навечер е ќора темница и дупка врз дупка по улиците, а кучињата скитници станаа владари на улиците и плоштадите. Погледнете ги средните и основни школи, оние што ги реконструираше минатата власт, денес се руини. Но, затоа Петре Шилегов даде милион евра за лимени диносаури и куќи за пингвини во зоолошка градина. Тој тип тендери е најлесен за профит. 

За промени, вистински и темелни, потребна е промена на власта. Тоа барем е секому јасно. Има пари, има и луѓе за да се обезбедат подобри услови за живот во оопштините. Но, нови луѓе, со поинакви планови и навики, овие веќе ги видовме и не ги бива. Според анкетите на американскиот демократски институт летово над 60% од граѓаните не се задоволни од своите градоначалници. А скоро сите градоначалници се од СДСМ и ДУИ. Од оваа локална и централна власт не се задоволни ни угледни лица во самиот СДСМ.

За промени се потребни нови градоначалници, и нови советници. За промени е потребно опозицијата, ВМРО ДПМНЕ, да освои победа во 30 општини. Тоа е котата 30. Од таа кота, од таа позоција, следуваат промени во целото општество.

Со тоа, ќе има сериозна опомена против корупцијата, лажењето, тоталитаризмот и манипулациите за власта на СДСМ и ДУИ. Од котата 30 следат нови парламентарни избори догодина, кога владата ќе мора да ја провери својата доверба која е падната до ниво кое СДСМ не го памти уште од црниот период за таа партија со Радмила Шеќеринска како шеф на партијата.

Голем е бројот на луѓето кои се тргнати по патот, нагоре, по патот кон промените, кон котата 30. Доста им е од се, и имаат многу што да кажат и да покажат против сегашната власт. Речиси да нема област, и да нема ден, без скандал за корупција. Без ново продавање на историја, идентитет, македонска унитарност, соживот и еднаквост за да се добие власт од дипломатите, наместо да се бара власт од граѓаните и нивните гласови.

Се давиме во корупција, во нови долгови кои ги плаќаме од свој џеб, за нивни ќар додека гориме во пожари, се лечиме од свој џеб а плаќаме придонеси, умираме без вакцини.

Кој ќе биде на врвот, на котата 30, на чист воздух, каде се очекува македонското знаме на слободата и на промените одлучува секој од нас. Само две недели не делат од тој ден.

(Д.П. Латас, 04.10.2021)  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата