Невил: Јунајтед нема да стане шампион, затоа што…

27.09.2021
Vesnik.com
Невил: Јунајтед нема да стане шампион, затоа што…
*/ */

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Гери Невил изјави дека „црвените ѓаволи“ нема да станат шампиони на Англија оваа сезона затоа што фудбалерите на Оле Гунар Солскјер не играат тимски иако составот има индивидуална класа.

Ова го кажав и кога дојде Роналдо и кога почна да постигнува голови. Според мене тие не играат тимски, а така не можат да ја освојат Премиер лигата. Играчите треба да делуваат како едно, кога владеат со топката и кога не ја контролираат. Кога тоа успеваш да го направиш само на моменти, тоа нема да ја заврши работата на одредени натпревари.

Јунајтед има потреба од модел и од начин на игра. Во моментов гледам само група на индивидуалци кои само понекогаш играат тимски. Тоа е состав во кој има нови играчи како Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо, кој треба да игра тимски и да оформи свој стил. Тогаш можеш да очекуваш добри резултати дури и кога не играч добро“, вели Невил.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата