Вест Хем го елиминираше Манчестер Ј., Арсенал и Лестер лесно до осминафиналето (ВИДЕО)

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вест Хем го елиминираше Манчестер Ј., Арсенал и Лестер лесно до осминафиналето (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Ј. загубија дома од Вест Хем со 1:0 и доживеаја елиминација во 1/16-финалето од Лига Купот на Англија. „Чеканите“ брзо го отворија резултатот уште во 9. минута со голот на Ланзини и со тоа успеаја да се изборат за голема победа.

Арсенал немаше проблем против нисколигашот Вимблдон совладувајќи го со 3:0. Лаказет отвори од пенал во првото полувреме, а победата ја запечатија Смит-Роув и Нкетиа во второто полувреме.

Сигурна победа обезбеди и Лестер кој на гостувањето кај Милвол славеше со 2:0.

Челзи – Астон Вила 1:1 (4:3 пен.)

Манчестер Ј. – Вест Хем 0:1

Милвол – Лестер 0:2

Вулверхемптон – Тотенхем 2:2 (2:3 пен.)

Арсенал – Вимблдон 3:0

Брајтон – Свонси 2:0

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата