Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е партија број еден во Македонија после овие избори

8.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е партија број еден во Македонија после овие избори

Силната реформа во ВМРО-ДПМНЕ, и кадровска и концепциска, донесе одличен резултат на овие избори, кој ја поставува ВМРО-ДПМНЕ како партија број еден во Македонија. Таа реформа е бран кој ќе ги зафати и другите партии. Во таа насока под тој притисок дека нешто мора да се менува и дека СДСМ мора да се приспособи на новите трендови кои ги наметнува ВМРО-ДПМНЕ, Заев помалку комично ја најави метлата. Истиот бран се случува и во албанскиот политички кампус и ние ќе бидеме тука да покажеме кои сме и што сме, за да не дознаваат Албанците за нас од некој друг, кој својата неспособност, корупција и неволност за промени ќе ја покрива со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да го дозволиме никогаш повеќе, ова во дел од својата најнова колумна го пишува Александар Николоски.

Но она што е суштински за овие избори е дека власта го изгуби легитимитетот, и со резултатот во првиот и со резултатот во вториот круг. Овој резултат ја делегитимира власта и затоа ден поскоро треба да замине. Ако објективно погледнеме во какви услови работи и се развива ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период лесно е да се заклучи дека се направи обид од Заев и власта да се укине партијата. Обид кој не личи на едно демократско општество, туку на еден тоталитарен ум. Ама тој е Заев, си го знаеме. Кога оди надвор од државава на средби е со раката на срце и насмевка и три збора научени на англиски, кои се вртат околу зборот „да“, дома властољубив и среброљубив, обидувајќи се тоа да го покрие со политички прогон кон опонентската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа граѓаните го препознаа и не му дадоа доверба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата